ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
24.06.2022
Децата поминуваат се повеќе време пред екраните
Автор: Goce Author

Децата поминуваат се повеќе време пред екраните, покажуваат истражувањата кои се направени на Anglia Ruskin University.

Времето поминато пред екраните за време на Ковид пандемијата најмногу се зголемило кај учениците од основните училишта. Во просек по еден час и 20 минути на ден, според првиот глобален преглед на истражување. Тоа резултирало со влошување на видот кај децата, намален апетит или почесто конзумирање на брза храна. Сепак не е поштедено и менталното здравје. Кај многу деца се забележани знаци на анксиозност,депресија и проблеми во однесувањето како што се агресија и раздразливост.

Најголемото дневно истрошено време пред екраните било забележано кај децата на возраст меѓу 6 и 10 години. Но, зголемувањето било забележано кај сите возрасни групи, истакнале од  Anglia Ruskin University.

Премногу деца се справуваат сами со менталните последици од пандемијата

Какви се резултатите?

Истражувачите откриле дека повеќе време поминато гледајќи во екрани како што се телевизорот или компјутерот е поврзано со негативно влијание врз исхраната, спиењето, менталното здравје и здравјето на очите.

Кај децата во основните училишта биле забележани најголеми зголемувања, од 83 минути дневно. Потоа возрасните, со 58 минути и адолесцентите (на возраст од 11 до 17 години), со 55 минути. Децата под пет години имале најниско зголемување на времето поминато на екранот, зголемено за 35 минути, иако и ова зголемување не е незначително.

„Оваа студија е прва од ваков вид што систематски ги разгледува истражувачки трудови за зголемувањето на времето поминато пред екранот за време на пандемијата и нејзиното влијание“, изјавил проф. Шахина Пардхан, постар автор и директор на Институтот за истражување на видот и очите во Ruskin University.

Каде е направена анализата?

Истражувачите анализирале 89 студии од земји вклучувајќи ги Велика Британија, САД, Австралија, Франција, Чиле и Израел. Анализата детално се фокусирала на зголемувањето на времето поминато пред екранот пред и за време на пандемијата, опфаќајќи вкупна големина на примерок од повеќе од 200.000 луѓе.

 

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија