
Денеска светот е преполн со дестинации за одмор, па ако размислувате каде да заминете, ние ќе ви предложиме три интересни дестинации. Иако се егзотични, можеби и ќе можете да си ги дозволите.
Кога ќе се прочита за место на Пацификот, асоцијацијата веднаш оди на луксузно и скапо место. Но, тоа не е така. Фиџи, за разлика од неговите скапи островски соседи, е релативно ефтин за посета. Овде може да уживате во недопрените плажи, нуркање од светска класа, вкусна морска храна и пријателски настроени локални жители без да морате да го ставите домот под хипотека. Проблем за овде може да ви биде само летот, кој од Скопје може да ве чини преку 3000 евра, но ако побарате од околните места, на пример Софија или Солун, тој може да го најдете и за 700 до 800 евра. Совет е да одите на одмор овде во октомври или ноември. Тогаш е значително поевтино, а просечната температура во овие месеци е 23 – 29 степени целзиусови.

Photo by: nomadicmatt.com
Седум држави привлекуваат најмногу туристи – лидер е Франција
Иако може да ја ставиме цела Југоисточна Азија на списокот, сепак нашиот предлог е Камбоџа. Локалното население е неверојатно гостопримливо, а цените се многу примамливи. Може да уживате во приватна, климатизирана соба за 20 американски долари, улична храна за 2 долари и превоз низ целата земја за 20 долари. Повторно летот може да биде единствениот проблем. Во сезона летовите одат околу 1500 евра, но вон сезона, на пример во ноември можете да летате до Пном Пен и за 600 евра повратен билет. Температурата тука и во ноември се движи од 22 до 30 степени целзиусови.

Photo by: nomadicmatt.com
Земјата со прекрасни плажи, фантастично вино, уникатна храна и весели жители. Португалија стана хит дестинација во последните години, како заради убавините, така и заради поволните цени. Наш предлог е да го користите аеродромот во Софија.

Photo by: nomadicmatt.com