ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
14.08.2024
Екстремните температури ја загрозуваат планетата
Автор: Goce Author

Екстремните температури предизвикаа домино ефект во сите општествени сфери, го загрозија здравјето на луѓето и предизвикаа пожари.

Во текот на јули, екстремните горештини зафатија стотици милиони луѓе, а најтоплиот ден на планетата откако се мери температурата е 22 јули, покажуваат податоците на Светската метеоролошка организација. Климатолозите сега бараат причини кои придонеле за ваквото време.

Домино ефектот на јулските горештини се почувствува во сите општествени сфери низ планетата, го загрози здравјето на луѓето и предизвикапожари.

Генералниот секретар на ОН предупредува дека Земјата станува се пожешка и поопасна за секого, секаде и повикува на итна акција против екстремната топлина преку зајакнување на раните предупредувања и акциони планови за топлина и здравје.

„Неодамнешните проценки на СМО и Светската здравствена организација покажуваат дека глобалното зголемување на системите за предупредување за топлина во само 57 земји има потенцијал да спаси околу 98.000 животи годишно. Ова е еден од приоритетите на Иницијативата за рано предупредување за сите“, изјави Селесте Сауло, генерален секретар на СМО.

Температурниот рекорд срушен во неделата

Иако природната климатска варијабилност може да игра улога, таквите големи температурни аномалии се невообичаени. Според Службата за климатски промени Коперник, еден од факторите кои придонеле за рекордните температури биле температурите кои се многу надпросечни во големи делови на Антарктикот, со аномалии над 10 степени над просекот и надпросечни температури во делови на Јужниот Океан.

Сепак, само прилагодувањето на климата не е доволно. Важно е да се реши основната причина и да се преземат уште посилни мерки за намалување на рекордните нивоа на емисии на стакленички гасови кои се последица на човековата активност.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија