ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
16.01.2022
Фејсбук/Мета повторно на мета со тужби

Фејсбук со години се бори тужби поради користење на приватните податоци на корисниците. Ништо не се смени ниту со новото име – Мета која би можела да плати казна од 3,2 милијарди долари за злоупотреба на кориснички податоци во Велика Британија.

Компанијата ја искористила својата позиција на пазарот за да ги злоупотреби податоците на 44 милиони корисници, па поради тоа добива тужба од финансиското регулаторно тело (FCA) која во име на корисници кои имале сметки на платформата Фејсбук помеѓу 2015 и 2019 година, а се тврди дека компанијата заработила милијарди долари бидејќи барала од корисниците да достават чувствителни лични податоци.


Шпионажа и во Македонија, блокирани профилите на Македонска фирма


Приватните податоци се собираат преку Фејсбук Пиксел – алатка која им овозможува на огласувачите да го следат однесувањето на нивните клиенти.

Компанијата одговори дека  „корисниците ја избираат својата платформа бидејќи им нуди нешто вредно и дека секој што има кориснички сметки може да контролира какви податоци споделува и со кого“.


Животот на социјалните мрежи – и животот: Изгубени во преводот


Ова не е прв пат Фејсбук да наиде на тужби, а ситуацијата во Обединетото Кралство се случи само неколку дена откако САД одлучија да ја ограничат моќта на оваа социјална платформа на пазарот.

Со повеќе од 2,6 милијарди активни корисници месечно, Фејсбук е најпопуларниот социјален медиум во светот. Со публика од ваков размер, не е изненадување што огромното мнозинство од приходите на Фејсбук се генерираат преку рекламирање.

По многу шпекулации, Фејсбук, компанијата која поседува платформи вклучувајќи ги Фејсбук, Инстаграм и Ватсап, се ребрендираше во Мета на 28 октомври.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија