
Грција веројатно ќе ги олабави рестрикциите за вакцинираните лица, односно се очекува укинување на забраната за посетување на кафулиња и ресторани, како и зголемување на бројот на гледачи на спортските настани, пишуваат грчките медиуми.
Во среда ќе се одржи состанок во Грција на кој ќе се разгледа епидемиолошката слика и се очекува да бидат предложени овие олеснувања кои стапиле на сила за време на новогодишните празници.
Европа ги укинува мерките – се гледа ли крајот на пандемијата?
Од власта изјавиле дека полека ќе се враќа нормалното живеење на оние граѓани кои се вакцинирани. Сепак, според министерот за здравство Плеврис, враќањето во нормала за време кога Омикрон е многу засилен, мора да биде постепено со цел да нема последици.
Во однос на патувањето и влез во државата, веќе се олабавени мерките за заштита. Од месецот во Грција може да се помине границата само со сертификат за вакцинација и пополнување на PLF (Protocol for Arrivals in Greece – travel.gov.gr ) документ, а условот за негативен ПЦР тест веќе не е потребен.