
Конгресот на Гватемала одобри закон кој го казнува абортусот со санкција до 25 години затвор и забранува истополови бракови и учење за сексуална различност во училиштата.

Photo by Gayatri Malhotra on Unsplash
Законот за заштита на животот и семејството, предложен од конзервативната партија Вива, беше неочекувано одобрен од големо мнозинство пратеници, вклучително и сојузниците на претседателот Алехандро Гаматеј.
Донесувањето на Законот за заштита на животот и семејството е суспендиран од 2018 година и допрва треба да биде објавен во Службен весник за да стапи во сила.
Казната за абортус е зголемена од пет до 10 години на 25 години затвор, освен кога животот на мајката е во опасност.
Законот, исто така, забранува учење на децата и младите за сексуалната разновидност и родовата идеологија и пропишува дека ниту една друга ориентација освен хетеросексуалноста не е „нормална“, се вели во нацртот.
Активистите и некои политичари го критикуваа законот, кој беше донесен на Меѓународниот ден на жената.
Народниот правобранител за човекови права на Гватемала, Џордан Роудс, рече дека тоа ќе го оспори врз основа на човековите права, меѓу нив и правото абортусот да биде личен избор.
„Тоа ги крши човековите права, ги крши меѓународните договори ратификувани од Гватемала, тоа е назадување во слободите“, им рече Родс на новинарите пред Конгресот.
Некои пратеници тврдат дека законот промовира омраза, хомофобија и неправедно ги криминализира жените.