ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
12.05.2022
Ибица сака да се ослободи од имиџот на луди забави
Автор: Goce Author

Владата на Балеарските Острови сака да ја потисне репутацијата на овој архипелаг и на Ибица како место за забава и злоупотреба на алкохол со воведување нови строги ограничувања и казни за кршење на правилата што ќе ги погодат туристите.

На пример, повеќе нема да има happy hour и слични промотивни понуди кои поттикнуваат консумација на алкохол. Продавниците кои продаваат алкохол мора да бидат затворени од 9 и 30 до 8 часот наутро, а забраната за организирање посети на пабовите и забави на бродови се уште е на сила.

На туристите кои платиле за ол инклузив одмор ќе им биде дозволено да пијат само шест пијачки дневно, три пијачки околу ручекот и три во текот на вечерта.

Правилата важат за ол инклузив туристите на Ибица, како и во областите Плаја де Палма, Ел Аренал, Магалуф и западниот крај на Сант Антони де Портмани.

Егзотични дестинации кои можеби и можете да си ги дозволите?

Покрај правилата за алкохол, воведени се и други ограничувања, меѓу кои и забрана за скокање меѓу балкони. Местата за кои ќе се утврди дека ги прекршуваат овие правила со „сериозни и многу сериозни прекршоци“ може да се соочат со казни од 60.000 до 600.000 евра, со забрана за водење бизнис до три години.

Поединци за кои ќе се утврди дека ги прекршуваат правилата може да бидат казнети од 1.000 до 6.000 евра.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија