ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
10.08.2026
Иселувањето проблем на регионот, над 130.000 иселувања годишно
Автор: Goce Author

Иселувањето не е проблем само на Македонија – над 133.000 луѓе годишно ги напуштаат земјите на поранешна Југославија.

Земјите на некогашната држава со години се соочуваат со сериозен демографски проблем – голем број жители, особено млади и образовани луѓе, ги напуштаат и иднината ја бараат во странство.

Според податоците од базата на меѓународната Организација за економска соработка и развој (ОЕЦД), во просек околу 133.500 луѓе годишно ја напуштаат територијата на поранешна Југославија. Податоците го следат бројот на луѓе кои во текот на една година емигрирале во друга земја.

Иако за повеќето држави од регионот не постои целосна и прецизна официјална статистика за сите лица кои трајно ја напуштаат земјата, податоците собрани од ОЕЦД за 31 држава даваат значајна слика за размерите на миграцијата.

Во периодот од 2019 до 2023 година, според овие податоци, повеќе од 660.000 луѓе ја напуштиле Србија, Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

На врвот по бројот на луѓе кои заминуваат се наоѓа Хрватска.

Според достапните податоци, од земјата годишно во просек заминуваат околу 47.000 луѓе. Ако се земе предвид дека Хрватска има околу 3,8 милиони жители, тоа значи дека приближно секој 80-ти жител годишно заминува.

Србија, пак, во просек губи околу 43.000 жители годишно, додека Босна и Херцеговина бележи просечно околу 40.000 луѓе кои ја напуштаат земјата секоја година.

Иселувањето е проблем и на Македонија – близу 10.000 млади луѓе годишно ја напуштаат државата

Во Македонија, извештаите говорат дека околу 2500 млади и високообразовани луѓе ја напуштаат земјата секоја година. Општо за младта популација, истражувањата покажуваат дека до 10.000 млади лоица годишно заминуваат во странство. Според податоците од последните неколку години, над 60.000 млади луѓе ја напуштиле државата. Истражувањата за м играции го потврдуваат загрижувачкиот тренд – над 62 отсто од младите во Македонија изразиле желба или размислуваат да се иселат.

(Аудио) “Мамо…картата е купена”

Овие бројки не се само статистика. Тие се дел од поширок тренд кој со години го менува демографскиот изглед на Балканот.

Стравувања дека регионот ќе изгуби огромен број образовани млади

Проблемот со иселувањето особено ги загрижува институциите бидејќи значаен дел од оние кои заминуваат се млади луѓе, меѓу кои има и голем број образовани и квалификувани кадри.

Во 2023 година, генералната секретарка на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу, предупреди дека Западен Балкан во наредните децении би можел да изгуби меѓу една четвртина и половина од квалификуваните и образованите млади луѓе.

Како едни од главните причини за ваквите трендови ги посочи високата невработеност, сиромаштијата и социјалната исклученост.

Главни причини за иселување – невработеност, сиромаштија и социјална исклученост

Сепак, причините поради кои луѓето се иселуваат не се исти за сите и со текот на годините се менувале.

Миграцијата од овие простори не е нова појава. Луѓето од поранешна Југославија со децении заминуваат во други држави во потрага по подобри услови за живот. Но, експертите укажуваат дека мотивите денес се пошироки отколку порано.

Според демографите, некогаш доминирале таканаречените фактори на „туркање“, кои главно биле поврзани со економските услови.

Денес, покрај заработката и вработувањето, луѓето сè повеќе размислуваат и за тоа каков живот ќе имаат доколку останат.

Тоа значи дека одлуката за заминување не се носи само врз основа на висината на платата. Важни можат да бидат и општата атмосфера во општеството, институциите, можностите за напредување, сигурноста, условите за живот и чувството дека човек може да изгради стабилна иднина.

Проекции: Бројот на население во Македонија ќе продолжува да паѓа – во 2070 ќе има 1.3 милиони

За образованите – парите не се единствениот фактор

Квалитетот на животот е важен фактор, но неговото значење не е исто кај сите категории на населението.

Кај високообразованите луѓе, кои вообичаено имаат и повисоки очекувања од животот, условите во кои живеат можат да играат особено значајна улога.

Покрај платата, тие можат да ги земат предвид можностите за професионален развој, институционалната стабилност, општествената средина и други фактори кои не се директно поврзани со парите.

Тоа значи дека и лице кое има солидна заработка може да размислува за заминување доколку смета дека на друго место ќе има подобри услови за професионален и личен развој.

Од друга страна, кај лицата кои работат физички или други професии каде што разликата во заработката меѓу земјите од регионот и западноевропските држави е многу голема, економската причина и понатаму останува исклучително важна.

Во некои случаи, разликата во платите може да биде пет или шест пати поголема отколку во матичната земја, што претставува силен мотив за заминување.

Токму затоа, економските фактори и понатаму се меѓу најзначајните причини поради кои луѓето од регионот бараат работа и живот во странство.

Политиката влијае, но не секогаш директно

Прашањето е и колку актуелните политички случувања влијаат врз одлуката на младите да останат или да заминат.

Според српскиот демограф ВладимирНикитовиќ (Институт за општествеми науки Белград), политичките случувања секако имаат влијание врз размислувањето на луѓето, но нивното влијание може повеќе да се забележи во подготвеноста за заминување отколку во самото заминување.

Со други зборови, одредени политички и општествени случувања можат да создадат чувство на несигурност или незадоволство и да ја зголемат желбата на човекот еден ден да ја напушти земјата.

Демографски пад се отсликува во образовниот систем

Но, конечната одлука често зависи од комбинација на повеќе фактори – дали лицето има работа, колкава е заработката, какви се условите за живот, дали гледа можност за напредок и каква иднина очекува за себе и за своето семејство.

Токму комбинацијата од економски, општествени и политички причини ја прави миграцијата еден од најголемите демографски предизвици за земјите од поранешна Југославија.

Додека младите и квалификуваните луѓе бараат подобри можности во странство, земјите од регионот се соочуваат со намалување на работоспособното население, стареење на населението и губење на дел од кадрите во кои биле вложени години образование и обука.

Бројките на ОЕЦД покажуваат дека овој тренд не е минлива појава, туку долгорочен процес кој продолжува да го менува регионот и неговата демографска слика.

Нова шанса за матурантите кои не положија матура во јуни
Одлив во прилив: Како Полска ги врати своите млади дома и зошто ова е можно и во Македонија?