ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
09.05.2022
Италија живее во зависност од маските
Автор: Goce Author

Иако зелените пропусници и носењето маски на многу места во затворени простории се укинати во Италија од 1 мај, на Италијанците им е тешко да се збогуваат со маските.

Сè уште се носат во супермаркетите, продавниците и на многу места како сѐ уште да е на сила обврската за нивно носење, а експертите изразија посебна загриженост бидејќи многу деца станале „зависни“ од маски.

Италијанците продолжуваат да носат маски. Не е невообичаено да ги видите на улица со маски, дури и во автомобили или на отворено, иако нема никој околу нив, а маска не е потребна. Речиси сите ги носат во затворени простории.

Во Италија маските ги заменија цуцлите и играчките

На прашањето зошто се уште носат маски, одговорите на Италијанците се различни: „навикнати сме“, „побезбедно се чувствуваме“, „бидејќи се задолжителни во транспортот, веќе не можеме да ги соблечеме и облечеме, па полесно ни е да ги носиме постојано“, „Мислиме дека е подобро да бидеме внимателни бидејќи вирусот се уште е таму“, „Нема да ја соблечам“, „се чувствуваме голи без маски“.

Балканот ги трга сите рестриктивни мерки против Ковид 19?

„Не е невообичаено оние што носат маски да ве гледаат со сомнеж затоа што не ги носите или се држат настрана од вас.  Во Италија, имено, голем број деца носат маска која им служи како вид на цуцла или кадифена играчка, им помага да заспијат и без која одбиваат да легнат или да излезат. Возрасните, меѓу другото, сметаат дека се општествено одговорни и продолжуваат да носат маски, а кај децата случајот е поинаков. Според медиумите, многу деца рекле: „Сакам да носам маска затоа што никој не ме гледа така“.

Секое десетто дете зависно од маските

Според истражувањата, најмалку едно од десет деца развило психолошка зависност од маски. Декретот за укинување на зелените пропусници во Италија стапи на сила на 1 мај, додека маските се задолжителни само во транспортот, возовите, авионите, траектите, бродовите, кината, училиштата, затворените концертни сали, спортските центри, театрите и болниците. На тие места неопходно е да се носи маската FFP2. Во сите други затворени места, како што се трговски центри, супермаркети, кафулиња, ресторани, банки, фризерски салони, пошти или музеи, тие повеќе не мора да се носат.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија