
Промената на летното сметање на времето влијае врз луѓето. На 27 март ќе започне летното сметање на времето и стрелката на часовникот ќе се промени за еден час, што значи 2 часот наутро ќе биде 3 часот.
Со поместувањето на часовникот се поместува и човечкиот биоритам кој што е важен за нормално функционирање на луѓето. Истражувањата покажале дека многу сообраќајни несреќи се случиле во првиот ден после промената на времето.
Д-р Даг Кирш, портпарол на Американската академија за медицината на спиењето изјавил дека ваквата промена носи промени кои го исцрпуваат телото и може да имаат лошо влијание врз човекот. Тој советува дека треба да се држиме до стандардното време бидејќи не секој може да се прилагоди на промените од сметањето на времето.

Photo by Klim Musalimov on Unsplash
Најчесто промената на времето им пречи најмногу на луѓето кои се навикнати да стануваат почесто, додека наспроти нив луѓето кои спијат помалку часови, полесно ја прифаќаат оваа промена.
Гоце.мк – Водич за продуктивен ден после уморна ноќ – (goce.mk)