ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
31.01.2024
Конкурс за карикатура по повод Светскиот ден на медиумите

Конкурс за избор на најдобра карикатура по повод Денот на слобода на медиумите објавува Министерството за надворешни работи на Холандија и организацијата Картун мувмент .

Сите карикатуристи, илустратори и уметници од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Србија и Црна Гора) се повикуваат визуелно да ја претстават важноста на слободата на медиумите и вредноста на
независното новинарство и своите дела да ги испратат по електронска пошта cartoons@cartoonmovement.com најдоцна до 1ви март 2024 година. Стручното жири ќе додели прва и втора награда а избраните дела ќе бидат вклучени во изложби што ќе ги организираат амбасадите на Кралството Холандија во земјите од Западен Балкан во текот на април и мај 2024 година. Дел од избраните карикатури ќе бидат објавени и на интернет страницата на Картун мувмент.

Слободата на медиумите во Македонија: напредок на стаклени нозе

Слободата на медиумите е од витално значење за функционирањето на една демократија. Одговорното известување и истражувачкото новинарство ги информира граѓаните за случувањата во општеството и во владата, формирајќи ја на тој начин основата за издржана јавна дебата. Доколку оваа слобода не постои, карикатуристите кои ги користат своите дела за да побараат одговорност од оние на власт и за да ја извадат на виделина неправдата, злоупотребата на моќ и корупцијата нема да бидат во можност да ја извршуваат својата работа.

Правилата за учество и сите дополнителни информации се наоѓаат на интернет
страницата на Картун мувмент: https://cartoonmovement.com/project/media-freedomcartoon-competition

УНФПА: Милиони луѓе уште во ризик за сексуалната и репродуктивна благосстојба
Пушење на отворено – на 5 метри од другите луѓе