ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
23.07.2022
Магистрирал на 98 години, а планира да напише и роман
Автор: Goce Author

Џузепе Патерно е италијанец кој својот сон за магистрирање го остварил на 98 години, а планира да напише и роман. Тој на својата диплома кој што ја добил пред две години, на Универзитетот во Палермо, додал магистерска диплома по филозофија и историја. Следен предизвик кој го има е да напише роман на неговата машина за пишување која му ја подарила неговата мајка.

Photo by: latinpost.com

Веста ја споделило неговото семејство преку објава на социјалните мрежи дека тој повторно добил врвни оценки за неговите неодамнешни дипломи. 

„Роден на Сицилија во 1923 година во сиромаштија, тој можеше да добие само основно образование. Патерно подоцна се приклучил на морнарицата за да се бори во Втората светска војна пред да започне да работи во железницата на 20-годишна возраст.“, објави Ројтерс.

Човекот кој ја победи сиромаштијата, Втората светска војна и Ковид е инспирација за многу луѓе. Средното училиште го завршил на 31 година, а во 2017 започнал да студира. За своите трудови, користел книги, наспроти сите млади денеска кои се повикуваат на google.

Бабичка која има 100 години ја обновила возачката дозвола

По три години студирање и глобалната пандемија, Патерно дипломирал во јули 2020 година, станувајќи најстариот дипломиран студент во Италија во тоа време. Две години подоцна повторно влезе во историјата, овој пат магистрирајќи. И не планира тука да заврши, туку на својата машина за пишување сака да напише роман.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија