ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
29.09.2022
Маршови во Италија: „Мое тело – мој избор“
Автор: Goce Author

Улиците во Италија вчера преполни со маршови за заштита на правото на правото на абортус. Според американсите медиуми, над илјада лица биле присутни на маршовите во Рим и Милано носејќи натписи „Мое тело – мој избор“ и „Безбедно за сите.“

Photo by:pbs.org

Италијанците стравуваат дека правото за абортус ќе биде нарушено од  десничарските партии кои се очекува да ја формираат новата италијанска Влада. Со оваа постапка која била спроведена низ целата земја Италијанците сакале да испратат порака до Џорџа Мелони и нејзината партија  дека демонстрантите нема да направат никакви промени во  Закон 194, односно Законот од 1978 година кој што дава право на абортус.

Полска на „тенка линија“ на кршење на правата на жените

Италија дозволува абортус во првите 12 недели од бременоста, или подоцна ако здравјето или животот на жената се загрозени. Организаторите најавиле и митинзи, доколку бидат потребни, се со цел да биде гарантирано правото на абортус.  Маршовите се совпаднаа со Меѓународниот ден на безбеден абортус.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија