ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
07.06.2022
Полска на „тенка линија“ на кршење на правата на жените
Автор: Goce Author

Полска има воведено речиси целосна забрана на абортусот, а сега донесе одредба со која лекарите мора да ја евидентираат секоја бременост во регистер.

Фото: openDemokracy

Регистерот се толкува и како обид за целосна контрола на животот на жените. За среќа, неуспешен бил обидот да бидат пријавени бремени жени кои ќе бидат видени дека пијат или пушат цигари.

Полската влада се соочува со критики поради новата одредба која бара лекарите да ја евидентираат секоја бременост во земјата. Полска претходно воведе речиси целосна забрана за абортус, а сега се стравува дека животот на жените ќе биде под целосна контрола на државата.

По наредба на министерот за здравство Адам Ниџиелски, лекарите сега мора да ги евидентираат податоците за бременоста, вклучувајќи ги сите минати или сегашни болести, посети на лекар, третмани и крвна група.

Гватемала сурово за абортусот – предвиде казна од 25 години затвор

Полската влада вели дека податоците за јавното здравје ги следеле препораките на ЕУ и ќе им овозможат на здравствените работници да им помагаат на пациентите во Полска и во странство.

Полска не треба да воведува регистер како алатка за репресија врз жените, вели опозицијата

Пратениците од опозицијата велат дека регистарот може да биде „нова алатка за репресија“ врз жените, чија цел е откривање на можни нелегални абортуси. До регистарот може да пристапи и полското обвинителство.

Либералната пратеничка Камила Гасиук-Пиховиц им рече на новинарите дека пописот може да доведе до прогон и контрола на полските жени.

Новата мерка може да доведе до тоа многу полски жени да бараат приватно лекување или да патуваат во странство, дури и за пренатална нега.

Според строгата законска реформа од 2020 година, полските жени можат да бараат абортус само ако постои сериозен ризик за здравјето на мајката или ако бременоста е резултат на силување или инцест.

Во последните месеци, најмалку две жени починаа во полските болници откако лекарите го одложија отстранувањето на фетусот, дури и кога му беше дијагностицирана тешка болест.

Плановите на владата да пријави бремени жени кои беа видени како пијат или пушат беа повлечени по широките демонстрации.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија