
Мајмунски сипаници се регистрирани во повеќе од 10 земји, а Европа се соочува со најголемото ширење на овие сипаници до сега. За каков вирус станува збор и како да се заштитиме, прочитајте во продолжение.

Photo by: who.int
Мајмунските сипаници ретко оставаат лузни и вирусот е сличен како нормална сипаница. Тие ја иритираат кожата со пустули и плускавци кои на крајот пукаат. Најпрво овој вирус бил детектиран кај мајмуните, а карактеристичен е за деловите на централна и западна Африка.
Пренесувањето се одвива преку близок телесен контакт. Најпрво се чувствува иритацијата на кожата, болки во главата, мускулите и грбот, a кај некои заболени се појавиле и симтоми како отечени лимфни јазли и треска. Вирусот има инкубација до 21 ден.
Првиот случај бил регистриран во Велика Британија, каде што брзо било пронајдено потеклото на вирусот. Пациентот навидум се заразил со ретката инфекција на патување во Нигерија. Кај следните четири пријавени случаеви се истражува потеклото на вирусот бидејќи ниту еден од мажите не бил во Африка пред да се инфицира.
Според СЗО, кога вирусот ќе се појави кај лицето, тој треба да биде во самоизолација и да нема контакт со други лица. При контакт со лице заразено од мајмунски сипаници, се препорачува носење на маска и ракавици, како и задолжителна хигиена на рацете.
Досега, агенциите за јавно здравје во Европа потврдиле случаи во повеќе од 10 земји. Посебна вакцина за овие сипаници нема, но од СЗО изјавиле дека вакцините за сипаници се делотворни против ова заболување.