
MrBeast, најпопуларниот јутјубер, со вистинското име Џими Доналдсон, стана вистинска сензација на YouTube со своите вирални видеа и екстравагантни подароци. Најплатениот Јутјубер во светот во интервју за Financian ја откри приближната вредност на неговите компании, која изнесува милијарди.

Фото: Twitter MrBeast
Колку вреди неговата компанија?
Јутјуберот во едно интервју откри дека еднаш добил „луда понуда“ од една милијарда долари за неговиот канал и компаниите околу него, која ја одбил. Домаќините потоа го прашале: „Кој е твојот број сега?“, а со извесно двоумење, MrBeast одговорил: „Веројатно околу 10 или 20 милијарди долари“.
Додека разговорот се приближувал кон крајот, еден од презентерите направил интересна споредба помеѓу вредноста на неговата компанија и уште една голема компанија во светот.
“Знаеш што е лудо? Ти вредиш повеќе од WhatsApp”, му рекол тој. Според Business of Apps, апликацијата за комуникација има повеќе од две милијарди корисници и ќе генерира 906 милиони долари во 2022 година.
Да потсетиме дека компаниите што ги започна 24-годишникот се претворија во онлајн империја откако тој првпат се појави на сцената во 2012 година и создаде сосема нов жанр на содржина на таа платформа.
Our Youtube channel has reach 616,000,000 different people in the last 90 days (almost 10% of the world 😮) pic.twitter.com/HywOAUVSeR
— MrBeast (@MrBeast) February 5, 2023
Колку е популарен покажува и фактот кој минатата недела го откри на Твитер објавувајќи неверојатен податок: „Нашиот канал на Јутјуб достигна 616.000.000 различни луѓе во последните 90 дена, што е речиси 10 отсто од целиот свет.