ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
24.12.2022
Најчитани содржини на Гоце.мк за 2022 година

Деновите до Новата година веќе ги одбројуваме, Гоце.мк ве дружеше и оваа година. Благодарност до сите кои барем еднаш го посетиле гоце.мк или прочитале барем една содржина. Во текот на 2022 година близу 200.000 посетители кликнале на гоце.мк, а фејсбук фан страницата годинава достигна 10.000 фанови.  Се надеваме дека содржините ви беа интересни.

Ајде да видиме кои беа најчитани за 2022 година.

Прво место најчитана беше приказната за играчката Huggy Wuggy:

Ја знаете ли хорор приказната која се крие зад играчката Huggy Wuggy?

Второ место најчитана беше приказната за Диверзија:

Што се крие позади проектот „Диверзија“?

Потоа следуваа две новости поврзани со изборот на нов ректор на Штипскиот универзитет.

УГД Штип избира нов ректор – ова се кандидатите и нивните видео обраќања

Професор Дејан Мираковски е новиот ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“

Студентските приказни исто така беа многу популарни годинава. Најпопуларна беше за студентка која сподели совети до своите идни колеги.

Љубенка е прогласена за нај-студент на 2022 – еве ги советите од неа до сите студенти

На следната позиција е уште една студентска приказна.

Студент од Штип 6 месеци асистираше на Американски стоматолог

Студентите кои имаа иновативни решенија исто така се најдоа на листата на најчитани приказни на гоце.мк

Барав решение за мојата кожа, сега имам своја козметика и помагам на другите

И на следните три места се најде приказна која се однесува на конкурсите за студентските домови, за македонски филм кој за првпат се најави на гоце.мк и за научниците кои се од Македонија.

Објавени резултатите од Конкурсот за сместување во студентски домови

Најголемата вистина – нов македонски филм кој комбинира четири жанрови

Научници од Македонија и годинава се најдоа на листата на Стенфорд како највлијателни или најцитирани

Гоце.мк е медиум за млади кој е стар околу две години. Ние сме ви благодарни што секојдневно не’ поддржувате и што ви се допаѓаат нашите содржини. Ќе продолжиме да креираме содржини за млади, а секако, имаме и нови планови во новата 2023 година.

Покрај тоа што сме медиум за информирање на младата публика, ние сме и медиум кој дава шанса на младите креативно да се изразат преку одговорно и ангажирано новинарство. Во минатите скоро две години се обидувавме да ги почитуваме новинарските стандарди и принципи, а тоа ќе го правиме уште повеќе и понатаму.
Гоце.мк дава шанса на младите, не само да читаат и следат содржини, туку заедно со нас и да креираат содржини, да влијаат и да направат промена. Ако сакате да бидете дел од тимот на гоце.мк контактирајте не. А нашите принципи се наведени во нашиот Етички кодекс.
И не заборавајте да бидете дел од дарувањето на Гоце.мк. Повеќе информации ќе најдете на нашиот Инстаграм профил. 
Мојот Став: Колку чини еден студентски сон?
(Аудио) Мојот Став: Образование без редослед