ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
17.10.2023
На Катедрата за современ танц на УГД гостува Џоан Ван Дер Маст
Автор: Goce Author

Во рамки на програмата за новата сезона, на Катедрата за современ танц при универзитетот „Гоце Делчев“, гостува интернационално признатата кореографка и професор на Кралскиот конзерваториум во Хаг, Холандија, Џоан Ван Дер Маст, која работи со студентите  на прв  циклус студии за современ танц.

Како што информираат од Катедрата, Џоан Ван Дер Маст која е експерт за Методологии на учење и Лабан анализа на движење, воедно одржува и часови за методологија и педагогија на постоечкиот професорски и наставнички кадар, со што се надградува комплетното знаење на тимот на професори на Катедрата за современ танц. Исто така, таа работи на многу престижни сцени и академски средини низ Европа, Азија и Африка.

Филмската академија при УГД, од годинава отвори уште една студиска програма, за Балетска педагогија, на која предаваат реномирани предавачи и студентите веќе ја посетуваат наставата во просториите на УГД во Дом на АРМ во Скопје.

Студенти на Катедрата за современ танц ќе престојуваат во Холандија

–Ме радува успешниот старт на академската година на Катедрата за современ танц на Универзитетот „Гоце Делчев“, со прекрасни професори од интернационален карактер, што е секогаш возбудливо за студентите. Воедно, задоволни сме од интересот за нашите студиски програми, за прв и втор циклус на студии, како и за новоотворената студиска програма за Балетска педагогија.  Нашите програми постојано привлекуваат и странски студенти, па година повторно, покрај домашните студенти, имаме и студенти од странство кои ќе студираат со нас и тоа од Словачка, Германија и Црна Гора – вели Рисима Рисимкин, деканка на Филмската академија при УГД.

Со танц во борба против насилство врз жените

Според Рисимкин, студенти од трета година на Катедрата за современ танц при УГД, во ноември 2023 година, ќе бидат гости на Ротердамската академија за танц при КОДАРТС универзитетот од Ротердам, Холандија. Таму  ќе имаат студиски престој и уникатна можност за надградба на своите знаења и, покрај наставниот план на изучување танцови техники, ќе учествуваат во креативниот процес на создавање кореографски дела со млади кореографи.

(Видео) Гоце.мк ве носи зад сцената на Макфест 2026
Макфест 2026 во петок и сабота (30 и 31 октомври)