ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
02.09.2026
Национална младинска летна школа – повик за учество
Автор: Goce Author

Второто издание на Националната младинска летна школа ќе се одржи од 14 до 18 септември во Дојран, а веќе е објавен и повикот за учесници.

Министерството за социјална политика, демографија и млади, во соработка со Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) и Регионалната канцеларија за младинска соработка (РИКО), објави повик за учество на второто издание на Националната младинска летна школа.

Повикот е наменет за млади од Македонија на возраст од 15 до 29 години, а школата ќе се одржи од 14 до 18 септември 2026 година во Дојран.

На школата ќе учествуваат околу 60 млади луѓе, кои преку интерактивни активности ќе имаат можност да се запознаат со врсници од целата земја, да разменат искуства и да стекнат нови знаења и вештини поврзани со личниот развој, интерперсоналните односи и тимската работа.

Програмата ќе се базира на пристапот „Спорт за развој“, при што спортот ќе се користи како педагошка алатка за развој на младинските вештини, подобрување на вработливоста и личниот развој.

Работни јазици на школата ќе бидат македонски и албански, а трошоците за превоз, сместување и оброци за учесниците се целосно покриени од организаторите.

Регионалната летна школа ги сплоти младите правници од Западен Балкан

Од Министерството ги охрабруваат сите заинтересирани млади од 15 до 29 години да се пријават за учество.

Пополнетите пријави треба да се достават до архивата на Министерството за социјална политика, демографија и млади (адреса: ул. Даме Груев, бр. 14, 1000 Скопје), со назнака СЕКТОР МЛАДИ, или по електронски пат на е-маил Katerina.Dimkovska@mtsp.gov.mk

Селекцијата на учесниците ќе се заснова на пријавата и изразената мотивација. Притоа ќе се примениваат и следат начелата на различност, еднаквост и недискриминација.

Студенти и млади археолози од 4 држави истражуваа на локалитетот во близина на Св. Николе
Децата изложени на злоупотреба од непознати, но и од блиски