ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
19.05.2022
Наместо „Coca-Cola“ во Русија ќе се пие „CoolCola“
Автор: Goce Author

Наместо „Coca-Cola“, „Fanta“ и „Sprite“, Русите ќе можат да бираат меѓу „CoolCola“, „Fancy“ и „Street“, објави рускиот производител, Очаково. Очаково претстави нова палета на безалкохолни пијалоци за замена на светските брендови кои го напуштија рускиот пазар по нејзината инвазија на Украина.

Photo by: ochakovo.ru

Иако производите на ,,Coca-Cola’’ се уште може да се најдат во продавниците, цените се зголемија за приближно 200% од суспензијата.
  • „CoolCola“ има „иконски вкус на кола“, напиша Очаково на интернет.

Шишињата на брендот со вкус на портокал „Fancy“ и „Limon-lime Street“ ги имаат познатите бои на „Fanta’’ и „Sprite’’.

„Вујко Вања“ со екстремно слично лого го заменува Мекдоналдс во Русија

Основан во Советскиот Сојуз во 1978 година, Очаково произведува традиционални руски пијалоци. Фирмата не е единствената компанија која се обидува да профитира од отстапувањето на ,,Coca-Cola’’ од рускиот пазар.

Во април, компанија за пијалоци со седиште во рускиот далечен исток, „Slavda Group“, ја презентираше „Grink Cola“ за да се обиде да ги освои срцата на руските љубители на сода. Во меѓувреме, во мај, во северниот руски регион Коми, фабриката Сиктивкарпиво лансираше сопствен бренд на сода, со име, „Komi Cola“.

Сепак, и двете алтернативи добија мешан одговор, при што клиентите се жалеа дека ниту еден пијалок не е „сладок и пенливи“.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија