
Секој од нас има омилен наставник, учител, професор кој што во вас препознал некаков потенцијал, нели? Затоа денеска одвојте 5 минути од вашето време и заблагодарете им се бидејќи денеска е денот на учителите.
Според Благој Гонов, професор по англиски јазик во СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“ -Скопје да се биде учител е повеќе од професија.

Благој Гонов, професор по англиски јазик
Светскиот ден на учителите беше одбележан и во Факултетот за образовни науки при Универзитет „Гоце Делчев“. Настанот беше насловен „Училиштето и заедницата – партнери за поквалитетно образование“, а се одржа во просториите на Факултет за образовни науки.
На настанот учествуваа сите образовни институции, сите воспитни установи, како и носителите на политики во градот и во државата со една идеја, со постојан развој и соработка да се подигне свеста и културата, а со тоа и да се воспостави подобра мрежа на соработка и да се одговори на актуелните предизвици.