ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
05.10.2022
Наставникот е мисионер на мисија без крај

Секој од нас има омилен наставник, учител, професор кој што во вас препознал некаков потенцијал, нели? Затоа денеска одвојте 5 минути од вашето време и заблагодарете им се бидејќи денеска е денот на учителите.

Според Благој Гонов, професор по англиски јазик во СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“ -Скопје да се биде учител е повеќе од професија.

Благој Гонов, професор по англиски јазик

  • „Да се биде наставник, професор, учител е една од најодговорните работи и најубавите професии кои што постојат. Со нашето знаење кое го пренесуваме на учениците ги мотивираме да бидат подобри личности. А искрената насмевка и возратената точна информација се најдобрата награда која што може да ја добиеме од нашите ученици. Образованието раѓа доверба, а довербата надеж за подобро утре. Според мене наставникот е мисионер на мисија без крај“. , вели проф. Гонов.

Галерија: Започна академската година на УГД во Штип

Светскиот ден на учителите беше одбележан и во Факултетот за образовни науки при Универзитет „Гоце Делчев“.  Настанот беше насловен „Училиштето и заедницата – партнери за поквалитетно образование“, а се одржа во просториите на Факултет за образовни науки.

На настанот учествуваа сите образовни институции, сите воспитни установи, како и носителите на политики во градот и во државата со една идеја, со постојан развој и соработка да се подигне свеста и културата, а со тоа и да се воспостави подобра мрежа на соработка и да се одговори на актуелните предизвици.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија