
Деновите до Новата година веќе ги одбројуваме, Гоце.мк ве дружеше и оваа година. Благодарност до сите кои барем еднаш го посетиле гоце.мк или прочитале барем една содржина. Во текот на 2022 година близу 200.000 посетители кликнале на гоце.мк, а фејсбук фан страницата годинава достигна 10.000 фанови. Се надеваме дека содржините ви беа интересни.
Ајде да видиме кои беа најчитани за 2022 година.
Прво место најчитана беше приказната за играчката Huggy Wuggy:
Ја знаете ли хорор приказната која се крие зад играчката Huggy Wuggy?
Второ место најчитана беше приказната за Диверзија:
Потоа следуваа две новости поврзани со изборот на нов ректор на Штипскиот универзитет.
УГД Штип избира нов ректор – ова се кандидатите и нивните видео обраќања
Професор Дејан Мираковски е новиот ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“
Студентските приказни исто така беа многу популарни годинава. Најпопуларна беше за студентка која сподели совети до своите идни колеги.
Љубенка е прогласена за нај-студент на 2022 – еве ги советите од неа до сите студенти

Студент од Штип 6 месеци асистираше на Американски стоматолог
Студентите кои имаа иновативни решенија исто така се најдоа на листата на најчитани приказни на гоце.мк
Барав решение за мојата кожа, сега имам своја козметика и помагам на другите
И на следните три места се најде приказна која се однесува на конкурсите за студентските домови, за македонски филм кој за првпат се најави на гоце.мк и за научниците кои се од Македонија.
Објавени резултатите од Конкурсот за сместување во студентски домови
Најголемата вистина – нов македонски филм кој комбинира четири жанрови
Гоце.мк е медиум за млади кој е стар околу две години. Ние сме ви благодарни што секојдневно не’ поддржувате и што ви се допаѓаат нашите содржини. Ќе продолжиме да креираме содржини за млади, а секако, имаме и нови планови во новата 2023 година.