
Прв пат по една деценија ,,Netflix’’ губи претплатници. Компанијата соопштила дека изгубила 200 илјади претплатници во 2022 година.

Ова се должи на подигање на цените во најголемите пазари, во САД и Велика Британија, каде падот на претплатници е околу 600 илјади. Воедно и војната во Украина и повлекувањето од Рускиот пазар, довела до дополнителни 700 илјади прекинати претплати.
Гоце.мк – Дали би плаќале повисока цена за Нетфликс? – (goce.mk)
Загрижувачко за корисниците на ,,Netflix’’ е тоа што ќе нема повеќе делење на една сметка со пријателите. Компанијата планира да го укине споделувањето на лозинки и сметки или поблаго речено, корисниците кои споделуваат сметки дополнително ќе плаќаат за тоа.
Споделувањето лозинки меѓу корисниците за пристап до ,,Netflix’’ одамна е официјално забрането според условите за користење. Сепак, тоа не спречи многу корисници да го користат овој метод за споделување на трошоците за претплата, а компанијата сега одлучи да ја прекине оваа практика.
Овој модел веќе некое време е тестиран во некои земји, а наскоро ќе се применува и во остатокот од светот.