
Новинарката и уредничка на руската телевизија, која во текот на пренос во живо истакна антивоен транспарент, од тој момент никој ја нема видено. Адвокатот на Марина Овсианикова вели дека неговата клиентка ја нема во ниту една полициска станица, а новинарката не се наоѓа ниту во својот дом.

После инцидентот, во кој во живо таа истакна транспарент на кој пишува „Запрете ја војната. Не верувајте на пропагандата која ви ја прават. Лаги“, таа е уапсена и испитана за инцидентот. Меѓутоа новинарката се уште не е пуштена да си оди дома, а нејзиниот адвокат Дмитри Захватов не може да ја пронајде.
Украина е подготвена во било кое време да разговара со Путин за да се прекине војната
Се претпоставува дека поради говорот против инвазијата на Русија врз Украина таа би можела да добие отприлика седум години затвор, а според законот кој е донесен неодамна во Русија, за вакво кривично дело е пропишана казна до 15 години.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков го оценил нејзиниот протест како „хулиганизам“ и одговорил дека со тоа веќе се занимаваат државните власти.