
Заменикот украински претседател Игор Жовка изјавил дека претседателот на Украина Володимир Зеленски е подготвен во било кој момент да разговара со Путин за прекин на огнот, но таа средба зависи од рускиот претседател.
Во интервју за CNN Жовка нагласил дека Украина во текот на разговорите, со официјалните претставници на Русија, нема да прави никакви компромиси. Кога станува збор за можен состанок заменик претседателот потенцираше дека не се разговарало за форматот на тој состанок.

Игор Жовка (Фото: president.gov.ua)
„Последно што слушнав од нив (руската делегација) е дека уште мораме да работиме на форматот на постоечките две делегации. Меѓутоа дури ни договорите кои се постигнати во текот на овие три рунди преговори до сега не се реализираа“, реќе Жовка.
Војната е и бизнис – 1000 до 2000 долари дневно за странски војници
Тој исто така ги коментирал и средбите на министрите за надворешни работи на Украина и Русија и наглсил дека Украина не се надева на одредено помрднување на ставовите од другата страна.
„Навистина е добро што се сретнаа и што се запознаа, но за жал министерот за надворешни работи на Русија не е тој што ги носи одлуките. Конечната одлука за прекин на огнот и повлекување на трупите ја носи само една личност во Руската Федерација“, смета Жовка.
Во однос на преговорите заменик претседателот рекол дека ставовите на Украина се јасни, но дека тие се спремни да преговараат доколку им се дадат одредени гаранции, дури и изјавил дека нивната држава е спремна за неутралност.