ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
29.01.2024
Новите автомобили преголеми за европските грдаови
Автор: Goce Author

Околу половина од сите нови автомобили се премногу широки за типичен паркинг простор во европските градови, и се упатуваат апели да се смени трендот на SUV – ови и поголеми возила.

Image by jcomp on Freepik

Според кампањата „Транспорт и животна средина“, просечниот нов автомобил станува 1 сантиметар поширок на секои две години, а типичната ширина на автомобилот сега е 180,3 сантиметри, од 177,8 сантиметри во 2018 година.

Групата вели дека меѓу 100-те најпопуларни автомобили во Европа, 52 се премногу широки за типичен уличен паркинг простор од 180 сантиметри во големите градови како Лондон, Париз и Рим. Исто така, се вели дека зголемениот број на големи теренци „остава премал простор за патниците да влезат и излезат од возилото“.

Стокхолм од 2025 ги забранува дизелите и бензинците

– Автомобилите се пошироки со децении и овој тренд ќе продолжи се додека не поставиме построга граница. Во моментов, законот дозволува новите автомобили да бидат широки колку камионите. Резултатот се големи теренци и пикапи во американски стил паркирани на нашите тротоари, загрозувајќи ги пешаците, велосипедистите и сите останати на патот, рече Џејмс Никс, шеф на политиката за возила во Transport & Environment.

Истражувањето беше објавено додека Париз се подготвува да гласа за зголемување на таксите за паркирање за поголеми и потешки автомобили, особено за теренци. На 4 февруари се одржува референдум за тројно зголемување на цената на паркирањето за вакви возила, иако тоа не би се однесувало на жителите на Париз, туку на оние кои го посетуваат.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија