ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
23.11.2023
Одлична партија на Никола Јокиќ во NBA
Автор: Goce Author

Јокиќ одигра одличен меч, постигна 30 поени, со 13 скока и 12 асистенции. Но тоа не беше доволно за Денвер да победи. Денвер загуби по четврти пат во последните шест натпревари.

На шампионот во НБА не му помогна ниту блескавата партија на Никола Јокиќ, кој имаше трипл-дабл учинок. Додуша, имаше голема поддршка кај Портер со 25 поени, Гордон зграпчи десет скока со 15 поени, Џексон имаше 14, а Браун 13 поени.

И сето тоа не беше доволно за магијата на Орландо. Во која Вагнер беше предводник со 27 поени, а го следеа Банкеро со 23, Ентони со 20 и Инглс со 12 поени. Атланта одигра уште еден „престрелка“ меч, но овојпат славеше победа против Бруклин по продолжение – 147:145.

Јанг имаше 43 поени, четири скока и девет асистенции. А го следеа Хантер со 25 поени и 11 скока и Мареј со 20 поени. Во гостинскиот тим се истакна Бриџис со 45 поени, десет скока и четири асистенции. Динвиди постигна 26 поени и 12 асистенции, Џонсон постигна 23 поени, а Клакстон постигна 22 поени.

Јокиќ блескаше но Денвер сепак загуби

Сакраменто беше поразен на гостувањето кај Њу Орлеанс – 117:112. Во тој меч во победничкиот тим се истакнаа Вилијамсон со 25, Инграм со 23 и Валанчиунас со 15 поени. На другата страна подобри од останатите беа Фокс со 26, Сабонис со 23 и Барнс со 22 поени.

Клиперси остварија голема победа над Сан Антонио Спарс – 109:102. Заедно со одличното издание на Кави Ленард, кој имаше 26 поени, го следеа Џорџ со 24 и Харден со 16 поени, додека на спротивата страна се истакнаа Вембањама со 22 поени и 15 скока, Сочан со 19 поени, Васел со 18, Колинс со 16…Лука Дончиќ флертуваше со трипл-дабл учинок, завршувајќи со 30 поени, 12 скока и осум асистенции.

Неверојатно – за сите играчи на Бостон ова е прво НБА финале

Далас славеше на гостувањето кај Лос Анџелес Лејкерс – 104:101. Заедно со Дончиќ најзаслужен за триумфот беше Ирвинг со 28 поени, на другата страна Џејмс со 26 постигнати поени.

Текстот е изработен од страна на средношколци практиканти од СОУ Коле Нехтенин – Штип, како дел од соработка меѓу ГОЦЕ.МК и средните училишта

Автор: Филип Здравев

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија