
Осум лица загинаа во стампедо пред фудбалскиот натпревар Камерун – Комори на Африканскиот куп на нации.

Фото: CDE News
Владата на Камерун соопшти дека осум лица загинале при стампедо на стадионот во Олембе. Сето тоа се случи пред натпреварот од Купот на Африканските нации меѓу домашната селекција и Комори.
Исто така, соопштено е дека има 38 повредени, од кои седум се посериозни.
ФИФА упати длабоко сочувство до семејствата и пријателите на жртвите.
Светската куќа на фудбалот соопшти дека во овој момент се упатуваат мисли и молитви до жртвите и повредените, сите од КАФ, Камерунската федерација.
Стампедото се случило кога поголема група сакала да влезе на стадионот за да гледа натпревар без билети, а биле повредени дури 40 навивачи.
Bousculade au stade Olembe.
😔 pic.twitter.com/ybARNI6bT2— Joseph Mac Opare 🇨🇲 🇬🇭 (@jmopare) January 24, 2022
Локалниот гувернер Насери Пол Биа рече дека можело да има многу повеќе жртви.
Фудбалските власти потврдија дека 50.000 навивачи се обиделе да влезат на стадионот со капацитет од 60.000, но 80% биле ослободени поради ограничениот број седишта поради пандемијата на коронавирус. Инаку, и покрај трагедијата, натпреварот се одигра, а Камерун победи со 2:1 и се пласираше во четвртфиналето на Африканскиот куп на нации.