ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
20.01.2022
Предупредување пред ЗОИ: Не коментирајте за човекови права!
Автор: Goce Author

Спортистите кои ќе учествуваат на претстојните Зимски олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг се предупредени дека ќе бидат казнети за однесување кое не е во духот на Игрите или правилата на Кина.

Фото: CNA

Ова уследи откако организацијата за човекови права Хјуман рајтс воч (ХРВ) на брифинг  ги предупреди спортистите за опасностите од искажувањето на своето мислење на Зимските олимписки игри, кои почнуваат на 4 февруари во Пекинг, објави Би-Би-Си.

На спортистите им беше речено „да молчат за прашањата за човековите права, бидејќи нема да бидат заштитени во „рвеловската“ држава.

Кина е обвинета за геноцид врз Ујгурите, што земјата го негира.

„Секој израз што е во олимписки дух, сигурен сум дека ќе биде заштитен, а секое однесување или говор што се спротивни на олимпискиот дух, особено против кинескиот закон, ќе подлежи на одредени казни“, рече заменикот директор на Одделот за меѓународни односи на ЗОИ во Пекинг Јанг Шу.

Mожна казна на ЗОИ – одземање на акредитацијата на спортистот

Меѓународниот олимписки комитет се повика на правилото 50.2 од своите упатства, кои ја штитат неутралноста на спортот и игрите.

„Игрите се регулирани со правилата на МОК и тие ќе се применуваат во Пекинг, како и на сите други претходни игри“, соопшти МОК.

Претходно, во пресрет на Летните олимписки игри во Токио, МОК ја ублажи забраната за спортистите, дозволувајќи им да ги изразат своите ставови за време на прес-конференциите, но политичкото изразување на подиумот сè уште е забрането.


Пекинг се подготвува за олимпијадата, но и за заштита од Ковид 19


Нордискиот скијач Ноа Хофман изјави дека се плаши за спортистите „поради неможноста за слобода на говорот“.

„Мојот совет до спортистите кои се таму и оние што одат таму е да молчат“, рече тој на семинарот на ХРВ.

САД, Велика Британија, Австралија и Канада објавија дипломатски бојкот на Игрите во Пекинг и нема да испраќаат свои дипломати поради проблеми со човековите права во Кина.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија