
Ако сте љубител на нуркањето, тогаш дестинацијата која што ве очекува е крајбрежниот град Таунсвил, во Австралија каде што ќе се сретнете со убавиот свет на скулптури во Музејот за подводна уметност.

Скулптурите кои испраќаат важна порака се создадени од професионалниот фотограф и еколошки активист Џејсон деКаирс Тејлор.Музејот во кој влегувате со маска и перки на морското дно, има уметнички дела направени од материјал сличен на камен и зајакнати со нерѓосувачки челик. Покрај тоа што се неверојатно убави, скулптурите имаат улога на заштитници на гребенот бидејќи на крајот ќе бидат населени со морски жители.

Џејсон деКерс Тејлор
Скулптурите со заедничкото име Ocean sentinels веќе се покриени со тенок слој зелени алги, а има и школки и морски ѕвезди. Површините се специјално дизајнирани да прикажат нов живот, а со текот на времето скулптурите го менуваат својот изглед благодарение на коралите и сунѓерите. Бидејќи затоплувањето на морето може да претставува закана, Музејот за подводна уметност во Австралија има улога на еколошки управител, поучувајќи ги посетителите како можеме да го продолжиме животот на единствениот дом што го имаме. Погледнете дел од музејот:












Фото: punkufer.dnevnik.hr