
Политичарите живеат подолго од граѓаните што ги претставуваат, покажа меѓународната студија на британски и австралиски научници.

Photo by Marco Oriolesi on Unsplash
Разликата во животниот век на политичарите и населението во Швајцарија е најмала и изнесува три години, а најголемата во САД е седум години.
Во времето кога има 45 години, политичар во Австрија може да очекува да живее уште 40,1 година, додека обичен граѓанин на иста возраст има 36,2 години живот.
Тоа значи дека животниот век на носителите на политички функции е подолг за 3,9 години.
За потребите на студијата анализирани се податоците на 2.664 пратеници од 1918 до 2017 година.
Се покажа дека политичарите кон крајот на 19 и почетокот на 20 век во речиси сите земји имале сличен животен век како и остатокот од населението. Во текот на 20 век, разликите се зголемија.
Разликата во животниот век на политичарите и населението во Швајцарија е најмала и изнесува три години. Најголемата во е во САД и е седум години.
Како една од причините за ваквата разлика во животниот век во 11 земји, научниците ги наведоа натпросечните примања на политичарите.
Меѓутоа, анализата покажува дека и други фактори се важни. Разликата во животниот век почнала да се гледа половина век пред големите разлики во приходите.