ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
03.11.2022
Полнењето на електричен автомобил станува „изгор“
Автор: Goce Author

Полнењето на електричен автомобил во Италија ќе чини 161 отсто повеќе од пред една година поради поскапувањето на струјата, објави порталот за потрошувачи Facile.it.

Image by Freepik

„Поради зголемените цени на енергијата, полнењето на електричен автомобил е, во некои случаи, поскапо од традиционалното полнење гориво. Ако вашиот електричен автомобил не го полните дома, туку на јавна станица за брзо полнење, тоа ќе ве чини дури и повеќе“, пренесува италијанскиот портал.

Експертите пресметале дека претходните трошоци за полнење на електричен автомобил во Италија биле 50-70 проценти пониски отколку за полнење на бензински или дизел модели. Сега, полна батерија на „зелен автомобил“ може да чини повеќе од полн резервоар бензин, пренесува Russia today.

Енергетската криза ги „руши“ електричните автомобили

Во студијата се истакнува дека за сопственик на мал автомобил од Б класа, бензинот би чинел 83 евра за возење 1.000 километри.Тој трошок за автомобил со дизел би бил 71 евро, а за автомобил со електричен мотор 85 евра за исто возење. Пред само една година изнесуваше само 33 евра.

Електричен автомобил уште поголем луксуз поради енергетската криза

Според италијанската регулаторна управа за енергија, мрежи и животна средина (ARERA), во третиот квартал од 2022 година таканаречената обединета национална цена на електричната енергија се зголеми речиси четири пати во споредба со првиот квартал. Како резултат на тоа, регулаторот презеде дополнителни мерки за да го спречи понатамошниот раст на цените на енергијата. Севкупно, просечното италијанско семејство се очекува да троши просечно 1.322 евра годишно за струја, додека во 2021 просечната потрошувачка била 632 евра.

Тарифите за електрична енергија во Италија забележаа рекорден пораст минатиот месец, надминувајќи 136 отсто на годишно ниво, според студијата на Националната унија на потрошувачи.

Ќе станат ли автомобилите достапни само за богати?

Шефот на италијанската енергетска тинк-тенк Номизма Енергија минатата недела изјави дека Италија, заедно со остатокот од Европа, доживува енергетски шок од невидени размери, бидејќи цените на електричната енергија се многукратно зголемени. Според него, Италијанците треба да се подготват за рационализација во најстудените зимски месеци.

Тој ги повика и домаќинствата да користат алтернативни методи на греење, како што се палење огревно дрво и пелети, иако додаде дека и нивните цени се зголемени.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија