ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
04.03.2022
Поради Украина, Кина без натпревари од Премиер лигата
Автор: Goce Author

Кина нема да емитува натпревари од Премиер лигата следниот викенд.

Фото: Premier league

Љубителите на фудбалот во Кина нема да можат да уживаат во мајсториите на ѕвездите на најсилната фудбалска лига, поради тоа што Кина не се согласува со начинот на кој е најавено дека Премиерлигашите ќе и дадат поддршка на Украина.

Ваквата одлука е донесена бидејќи челниците на Премиер лигата ја донеле одлуката да и дадат поддршка на Украина за време на натпреварите од 28. коло, во кои е во тек воена операција на руските сили.

Според Би-Би-Си, Кинезите се одлучиле на такво нешто во согласност со нивните правила, да не ја покажуваат поддршката од земјите на Украина во овие тешки денови.

Кина е најголемиот трговски партнер на Русија во моментов и е една од земјите што не ја осуди воената интервенција на Владимир Путин во Украина.

Минатото лето Премиер лигата постигна договор за ексклузивното право за пренос на натпревари со компанијата Киџи Спортс.

Тој договор е со важност до крајот на сезоната 2024/25.

Инаку, капитените на клубовите од Премиер лигата викендов ќе носат жолти и сини панделки во боите на знамето на Украина, додека на големите екрани ќе се појави пораката „фудбалот останува заедно“.

Поради војната во прашање натпреварите на Русија во баражот за СП

Во соопштението од Премиер лигата се вели:

„Премиер лигата и клубовите сесрдно ги осудуваат постапките на Русија и покажуваат поддршка за народот на Украина на натпреварите во текот на викендот. Повикуваме на мир и нашите мисли се со сите засегнати. Поддршката за солидарност со Украина ќе биде видлива во Премиер лигата. од 5-7 март следува по бројните начини на кои клубовите веќе ја изразија својата поддршка“, велат меѓу другото.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија