
Фудбалерот на Ал Наср, Кристијано Роналдо го постигна победничкиот гол во првиот осминафинален натпревар од азиската Лига на шампиони. Против Ал Феиха (1:0). За португалскиот фудбалер овој натпревар беше јубилеен – 1.000-ти на клупско ниво.
Триесет и деветгодишниот Роналдо има 31 натпревар за Спортинг, 346 за Манчестер јунајтед, 438 за Реал Мадрид, 134 за Јувентус и 51 за Ал Наср.
Во текот на својата клупска кариера, фудбалерот постигна 746 гола, од кои 45 за Ал Наср.
Кристијано Роналдо е петкратен добитник на Златна топка. На клупско ниво, тој стана шампион на Англија три пати и ги освои првенствата на Шпанија и Италија по два пати, а пет пати ја освои и Лигата на шампионите
Текстот е изработен од страна на средношколци практиканти од СОУ Коле Нехтенин – Штип, како дел од соработка меѓу ГОЦЕ.МК и средните училишта
Автор: Joрдан Величков и Мерт Кадриов