ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
12.01.2022
Шпанија повикува на разговор – дали Ковид 19 веќе треба да се третира како грип?
Автор: Goce Author

Во дел од европските држави започнуваат да „дуваат“ поинакви ветришта кога е во прашање борбата со Ковид 19. Дали тоа се позитивни сигнали кои најавуваат крај на пандемијата и конечно олеснување за сите нас, навистина не може да се тврди со сигурност, но дава некоја надеж. Шпанија е една од државите кои го издигнуваат прашањето за третман на заразата на поинаков начин.


Пекинг се подготвува за зимската олимпијада, но и за заштита од ковид 19


Шпанскиот премиер Педро Санчез ги повика своите европски колеги да разговараат дали Ковид 19 треба да се третира како ендемска болест, односно како грип.

Зошто Шпанците сакаат да го променат пристапот?

Причината зошто Шпанците размислуваат да го променат својот пристап е драстичниот пад на стапката на смртност по инфекцијата со вирусот САРС-КоВ-2. Предлогот на шпанскиот премиер е да се напушти системот на детално следење на новозаболените и нивните контакти и да се применува мониторинг како во случајот со грипот.

Но, како што пишува „Јутарњи лист“, прашање е дали во групата епидемиолошки неуспешни членки на ЕУ, може да се спроведат пообични епидемиолошки мерки. Тоа покажува и дека има основа во тврдењата дека сепак не сите земји членки на унијата се справија подеднакво успешно со овој предизвик, а да не зборуваме за држави надвор од ЕУ.

„Верувам дека имаме услови за внимателно и лесно отворање на дебатата на техничко ниво и на ниво на здравствени работници и на европско ниво за проценка на еволуцијата на болеста преку неколку параметри“, изјави Санчез за радиото Кадена СЕР.

Шпанскиот премиер потврди и дека нивниот здравствен систем веќе подготвил предлог за нов систем за следење во кој повеќе нема да биде потребно да се евидентира секоја нова инфекција и дека луѓето со симптоми нема нужно да се тестираат. Со други зборови, Шпанците подготвуваат премин од универзален надзор на епидемијата, кон ограничен надзор, како што изгледа кога е во прашање ширењето на грипот.

Владата веќе ги намали периодите на неопходна изолација, а тие се откажаа од карантинирање на цели паралелки во училиштата.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија