
Мината година, за прв пат по речиси 170 години, во Шведска не се случило грабеж на банка. Со оглед на тоа дека секоја година се ограбуваат банки во оваа скандинавска земја, претходната реченица може да звучи прилично неверојатно. Сепак, одговорот е едноставен – нема смисла да се ограбуваат шведските банки, бидејќи нема повеќе кеш во филијалите и трезорите.

Во моментов Шведска е најнапредната земја во светот кога се работи за безготовинското плаќање, а шведските банки се предводници на тој тренд. Големи се шансите дека ниту една шведска продавница, ресторан, музеј, хотел и други услуги и активности нема да прифатат кеш и ќе останете неуслужени ако немате некаква форма на дигитално плаќање. Цели сектори, како што е јавниот транспорт, повеќе воопшто нема да прифаќаат готовина.
Дури и даночната администрација нема да прифати никакво плаќање во готовина, што некои го сметаат за апсурдно и се прашуваат зошто владата не сака да ги прифати парите што сама ги испечатила. Единствени институции кои се законски обврзани да примаат готовина при плаќање на партиципација се болниците.
Дури и постарите, за кои се смета дека тешко ги прифаќаат дигиталните иновации, во голема мера престанале да користат готовина. Во неодамнешното истражување спроведено од шведската централна банка, се покажува дека само осум отсто од граѓаните последното купување го платиле со монети или банкноти, за разлика од пред 10 години, кога тој број достигаше дури 40 проценти.
Повеќето шведски граѓани никогаш не поседувале поголеми сметки, како што се 500 или 1.000 круни, и честопати немаат поим како изгледаат. Во принцип, сосема е нормално и вообичаено во Шведска да живеете со години без ниту една паричка или сметка во вашиот паричник.
Сепак, не се сите ентузијасти по прашањето безготовинско плаќање. Со години трае дебатата дали е легално да се одбие кеш како начин на плаќање. Иако законот вели дека банкнотите и монетите се легални, некои експерти го бранат правото да се одбие кешот како средство за плаќање.