ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
05.05.2022
Совети за патување без стрес
Автор: Goce Author

Планирањето на патување некогаш знае да одземе многу време, па неколку совети за патување без стрес се секогаш добредојдени нели?

Photo by: Unsplash

  • Бидете трпеливи

Трпеливоста е главен фактор за убавото патување. Не секогаш работите се онакви какви што ги замислуваме, па затоа мора да знаете како да се контролирате и да не дозволите да ве изнервира моментот кој ќе се појави неочекувано. Сте го испуштиле метрото? Без грижи, секако ќе дојде пак за некое време. Сте отишле до банкомат и гледате дека не е во функција? Наместо да се изнервирате, побарајте друг банкомат. Сигурно ќе видите нешто ново во местото каде што сте. Секогаш помислете дека може да биде и полошо.

Пробајте да бидете во туристичкото место, пред сите други. Така ќе ги избегнете гужвите, а и тоа е магично време за креирање на уникатни фотографии. Исто така ќе имате повеќе време за да разгледате повеќе околу вас. Не брзајте и уживајте во секој момент. Добрите и интересни атрактивности најчесто се откриваат без туристички водич. Доколку одвоите време сами да истражите, авантурата е загарантирана.

Photo by: Unsplash

  • Научете неколку реченици кои ќе ви помогнат подобро да комуницирате со населението

За да можете полесно да се разберете со локалното население, препорачливо е знаете неколку реченици на нивниот јазик. А со тоа ќе заштедите нерви и време. Не е на одмет и да прочитате некоја книга или да изгуглате што повеќе занимливости за местото каде што патувате. Така ќе знаете што да очекувате.

Photo by: Unsplash

  • Користете патничко осигурување

Никогаш не помислуваме на разболување или грабеж за време на патувањето, ама свесни сме дека може да се случи. Затоа заштитете се себеси со патничко осигурување.

  • Никаде без крем за сончање

Кремот за заштита од сончевите зраци нека ви биде секогаш при рака, па дури и кога е облачно. Така ќе ја заштитите кожата од дополнителни проблеми.

Планината Кјераг – една поинаква дестинација за авантура

  • Резервирајте ефтини карти за патување

Доколку патувате со авион, резервирајте карти за вашето патување многу порано. Така ќе платите многу поефтини карти и ќе имате финансиска заштеда. Некои луѓе кои патуваат често, ги резервираат своите карти една година пред да се случи патувањето.

  • Не го планирајте цело патување до детал

Секако, планирањето е дел од патувањето. Ама сепак не го планирајте секој детал. Впуштете се во авантура и кажете да на секоја можност. Не знаете што може да видите и да научите.

  • Запознајте се со локалното население

Не ја осудувајте туѓата култура иако можеби нема да ви се допадне. Запознајте се со локалното население и прашајте ги за што интересно може да видите. Така ќе научите и каде може да јадете без да потрошите многу пари.

  • Не го полнете куферот со непотребни работи

Иако тоа се случува многу често, пробајте да ги спакувате само неопходните работи и алишта кои ќе ги носите. Погрижете се секогаш да имате удобна облека и патики. Исто така работите за лична хигиена може да ги спакувате во мали шишенца.

Photo by: theunconventionalroute.com

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија