ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
02.11.2026
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?
Автор: Goce Author

Студентскиот оброк стана предмет на преговори, но и надмудрување, вклучувајќи лажни меилови, прифаќање и неприфаќање на предлози.

По разговорите меѓу претставници на владата и на Студентскиот отпор, на крајот на минатата недела во медиумите излегоа информации дека движењњто „Студентски отпор“ ги прифатило предлозите на Владата. Но, бргу потоа, реакција од движењето, дека некој злоупотребува, и дека меил адресата е лажна, а содржината на соопштението не е став на „Студентски отпор“.

Од лажна електронска адреса, со злоупотреба на името на Студентски отпор, до медиумите е испратено соопштение во кое се тврди дека организацијата го прифатила понудениот владин модел за субвенциониран студентски оброк. Од Студентски отпор се оградија од пораката и нагласија дека таа не го претставува нивниот официјален став.

Во спорното соопштение се наведува дека наводно биле спроведени широки консултации со студентите, по кои била прифатена понудата од Владата и Министерството за образование.

Студентите пријавуваат доцнење на стипендии, прекинат оброк, лоши услови во домовите

Како дел од наводно прифатениот модел се споменуваат воведување систем „М студентски оброк“, зголемување на месечните средства од 3.500 на 4.500 денари, јавно објавување список на оператори и маркети каде што би се користеле средствата и попусти што би важеле до крајот на месецот, независно дали студентот ја потрошил сумата.

Во лажната порака се наведуваат и два наводни услова за прифаќање: решенијата да бидат внесени во Законот за субвенциониран студентски оброк, а списокот на компании и мерките да бидат јавно објавени пред неговото стапување во сила.

Студентскиот оброк ги „крши копјата“ меѓу студентите и Владата

Студентски отпор предупреди дека пораките од адресата studentskiot1por@gmail.com не се испратени од организацијата и не ги претставуваат нејзините ставови.

Почетокот на неделава пак, на тѕаа тема го одбележува и интервју на министерката за образование и наука, Весна Јаневска за Прес 24, каде меѓу другото говори и за студентскиот оброк

Таа  смета дека моделот што Владата и го нуди на студентите е праведен и очекува дека тие се тие од кои зависи дали ќе има продолжување на преговорите.

-На студентите им понудивме нов системски модел за поефективно искористутвање на средствата – ваучерски систем кој се покажува како успешен во Словенија и многу други земји. Студентите беа заинтересирани за овој модел во минатото и токму заради тоа ние и им го нудиме. Идејата е средствата да се користат исклучиво за намената заради и која се двојат од буџетот – за оброци, а не за други потреби на студентите. Сега тие се на потег, дадовме време да се консултираат со студентите кои ги застапуваат и доколку прифатат, да продолжиме понатаму со подготовка на законски измени и подготовка за техничка имплементација на моделот.

Нови стипендии и поинаков студентски оброк најави Јанева

Студентите бараат покачување на вредноста на субвенцијата, односно усогласување со инфлацијата, но одат и над тоа и побараа субвенцијата да изнесува до 200 денари, односно да се зголеми износот на финансиската поддршка. Она што ние го нудиме како Влада е зголемување на вредноста на субвенцијата и нејзино користење исклучиво за прехранбени продукти, преку провајдери кои ќе бидат избрани за да ја пружаат таа услуга.

Макфест 2026 во петок и сабота (30 и 31 октомври)
Денови на медиумска писменост 2026