ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
04.02.2023
Светски ден за борба против рак
Автор: Goce Author

4 Февруари е светски ден за борба против ракот. Светскиот ден на ракот има за цел да спречи милиони смртни случаи секоја година. Тоа го прави преку подигање на свеста и едукација за ракот и притискање на владите и поединците ширум светот да преземат акција против болеста.

Image by Freepik

UICC e кампања направена против борбата со ракот и продолжува да го проширува успехот и влијанието на денот и е посветена да обезбеди настанот од година во година да го гледаат и слушаат повеќе луѓе ширум светот. UICC го прави ова со развивање на кампања која им служи на различните организациски приоритети на нејзините членови ширум светот. Создаден во 2000 година, Светскиот ден за борба против ракот прерасна во позитивно движење за сите,за да се соочиме со еден од нашите најголеми предизвици во историјата.

Така, овогодинешната тема на Светскиот ден на ракот, „Close the Care Gap“, која трае од 2022 до 2024 и има за цел да се придружи со истомислениците бидејќи знаеме дека сме посилни кога сме обединети. Целите на оваа кампања се мотивација, поддршка и кревање на свеста за превенција на една од најсмртоносните болести во светот.

Според СЗО во 2020 година, 2,7 милиони луѓе во Европа биле новодијагностицирани со рак, а 1,27 милиони луѓе починале од рак. Ова го прави ракот втора најчеста причина за смрт во ЕУ, по кардиоваскуларните болести (и примарна причина за смрт кај Европејците под 65 години).Случаите на рак ќе се зголемат за 24% до 2035 година, што ќе го направи водечка причина за смртност во ЕУ.


ХИВ позитивна личност: Луѓето мислат дека сме опасност за сите околу нас


Разликите во стапките на преживување од рак во земјите-членки на ЕУ надминуваат 25%, што ги илустрира нееднаквостите во здравствената заштита.

Европскиот информативен систем за рак (ECIS), управуван од Заедничкиот истражувачки центар (JRC), ги обезбедува најновите информации за индикаторите кои го квантифицираат товарот од рак низ Европа. Повеќе мажи отколку жени веројатно ќе развијат рак низ ЕУ (54% мажи и 46% жени, 2020 година). Кај мажите, главни дијагнози се рак на простата (23% од сите нови карциноми дијагностицирани во 2020 година), проследено со рак на белите дробови (14%) и колоректален карцином (13%). Кај жените, ракот на дојката е главната дијагноза (29%).

Врз основа на проценките за нови случаи на рак во 2022 година, 4,5% од сите нови случаи ќе се појават на возраст од 15 до 39 години. 85,5% од адолесцентите и младите адулти дијагностицирани со рак ќе го преживеат својот рак 5 години по дијагнозата.

Одредени видови на рак, како што се примарниот карцином на коските, Хочкин лимфом и ракот на тестисите, најчесто се дијагностицираат кај адолесцентите и младите возрасни лица. Сепак, инциденцата на специфични типови на рак варира во зависност од возраста. Лимфомите и ракот на тироидната жлезда се најчестите видови на рак кај младите од 15 до 24 години. Помеѓу 25-39-годишниците, ракот на дојката и ракот на тироидната жлезда се најчести, врз основа на статистичките податоци за рак на NC’s Surveillance, Epidemiology, and End Results Program (SEER).

УНФПА: Милиони луѓе уште во ризик за сексуалната и репродуктивна благосстојба
Пушење на отворено – на 5 метри од другите луѓе