ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
24.04.2022
СЗО со препорака за лек против Ковид 19
Автор: Goce Author

СЗО со препорака за лек против Ковид 19,произведен од компанијата Pfizer.  Станува збор за нирматрелвир и ритонавир, кои се продаваат под името Paxlovid. Лекот се препорачува за пациенти со најголем ризик од прием во болница. Од СЗО изјавиле дека е  најдобриот терапевтски избор за пациенти со висок ризик досега.

Photo by: Shutterstock.com

 

„Најупорниот“ случај на ковид: Британец бил заразен 505 дена!

За кого е наменет овој лек?

Оралниот антивирусен лек на Pfizer (комбинација од таблети нирматрелвир и ритонавир) силно се препорачува за пациенти со не-тешка Ковид 19 инфекција, кои се изложени на најголем ризик од развој на тешка болест и хоспитализација, како што се невакцинирани, постари или имуносупримирани пациенти. 

Оваа препорака се заснова на нови податоци од две рандомизирани контролирани испитувања кои вклучуваат 3.078 пациенти. Податоците покажале дека ризикот од хоспитализација е намален за 85% по овој третман. Во група со висок ризик (над 10% ризик од хоспитализација), тоа значи 84 хоспитализации помалку на 1.000 пациенти.

СЗО сугерира да не се користи кај пациенти со помал ризик, бидејќи се покажа дека придобивките се занемарливи.

 

Лекот е тешко достапен во земјите со среден и низок развој

Недостатокот на транспарентност од страна на компанијата која е иницијатор им отежнува на јавните здравствени организации да добијат точна слика за достапноста на лекот.  Дополнително, договорот за лиценцирање направен од Pfizer со медицинскиот патентен фонд го ограничува бројот на земји кои можат да имаат корист од генеричкото производство на лекот.

Оригиналниот производ, кој се продава под името Paxlovid, треба да биде вклучен во списокот за претквалификации на СЗО, но генеричките производи се уште не се достапни од извори со обезбеден квалитет.

 

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија