ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
26.06.2022
Телефонскиот разговор меѓу Путин и Макрон на четири дена пред почетокот на војната
Автор: Goce Author

Француската телевизија беше дел од снимањето на документарниот филм „Претседател, Европа и војна“, во чии рамки за првпат ќе бидат прикажани разговорите меѓу Емануел Макрон и Владимир Путин само неколку дена пред почетокот на руската инвазија на Украина.

Премиерата на филмот е закажана за 30 јуни, а покрај размислувањата на францускиот претседател за војната во Украина, јавноста за прв пат ќе биде запознаена со деталите од разговорите меѓу лидерите на Франција и Русија на 20 февруари , само четири дена пред инвазијата.

За време на разговорите со Путин, во време кога ситуацијата во Европа веќе беше напната, францускиот претседател му понудил на рускиот лидер разговор со американскиот претседател во Женева.

Разговорот течел вака:

МАКРОН: „Од нашиот последен разговор, тензиите продолжија да растат, а вие ја знаете мојата посветеност и решеност да го продолжам дијалогот. Би сакал прво да ми ја опишете ситуацијата и сосема директно да ми кажете кои се вашите намери. После тоа, сакам да видам со вас дали можам да дадам некои предлози“.

После ова Путин рекол дека сите во Европа добро знаат што се случува.

ПУТИН: „Ти и канцеларот Шолц ми кажавте дека Зеленски е подготвен да го повлече потегот, дека подготвил предлог-закон за спроведување на договорот од Минск. Сепак, нашиот драг колега Зеленски не прави ништо. Тој ве лаже. Не знам дали вие ја слушнавте неговата изјава вчера во која тој и рече дека Украина мора да има пристап до нуклеарно оружје. Рече и дека договорите од Минск мора да се ревидираат за да бидат применливи“.

МАКРОН: „Владимир, пред се, никогаш не реков дека договорите мора да се ревидираат. Тоа не го кажав во Берлин, Киев или Париз. Реков дека мора да се применат, дека работите мора да се почитуваат“.

Тој исто така нагласи дека има неколку забелешки за активностите на сепаратистите во источна Украина.

МАКРОН: „Не се очекува основата на дискусијата да биде текстот поднесен од сепаратистите. Не се сепаратистите тие што ќе предлагаат украински закони“.

На овие зборови Путин одговори дека не разбира каков проблем има Макрон со сепаратистите.

ПУТИН: „Слушај Емануел, не го разбирам твојот проблем со сепаратистите. Барем тие направија се што е потребно, на наше инсистирање, за да се отвори конструктивен дијалог со украинските власти. Се разбира, ние имаме сосема поинакво толкување на ситуацијата. Последната средба, ве потсетив, па дури ги прочитав и членовите 9, 11 и 12 од Договорот од Минск“.

МАКРОН: „Ги имам пред мене! Во него пишува дека Владата на Украина предлага, во консултација и договор со претставниците на областите Доњецк и Луганск, во рамките на трипартитната контакт група. Не знам каде вашиот адвокат студирал право. Гледам текстови и се обидувам да ги применам. И не знам кој адвокат ќе може да ви каже дека во суверена земја текстовите на законот ги предлагаат сепаратистички групи, а не демократски избрани власти“.

Според пишувањата на медиумите, тонот на Владимир Путин се засилил во продолжението на разговорот.

ПУТИН: „Ова не е демократски избрана влада. Тие дојдоа на власт со државен удар, луѓето беа запалени живи, имаше крвопролевање и Зеленски е еден од одговорните. Слушајте ме внимателно. Принципот на дијалогот е да се земат предвид интересите на другата страна, велите им пренеле порака на Украинците, но не добиле одговор. Каде е дијалогот?“

Сепак, Макрон остана на приказната дека сепаратистите немаат што да преговараат во контекст на украинската криза.

МАКРОН: „Она што го бараме од нив е да реагираат на текстовите на Украинците и така мора да се направи, бидејќи таков е законот. Тоа што го кажавте фрла сомнеж во вашата сопствена волја да ги почитувате договорите од Минск“.

Рускиот претседател продолжил да го води разговорот со „нервозен“ тон.

ПУТИН: „Послушајте ме. Дали ме слушате? Повторно ви велам, сепаратистите, како што ги нарекувате, реагираа на предлозите на украинските власти. Тие одговорија, но украинската страна не“.

После тоа Макрон предложил да се одржи состанок кој треба да ги реши овие несогласувања.

МАКРОН:„Во ред, она што го предлагам е да побараме средба на сите страни во контакт групата за да продолжиме понатаму. Утре можеме да побараме да се заврши оваа работа. Ќе го побарам тоа од Зеленски утре“.

Путин ја спречил ќерка си да слави роденден во странство

Сепак, Путин истакна дека тоа што го прави Макрон не е ефективно, на што францускиот претседател одговара:

МАКРОН: „Ми треба мала помош. Ситуацијата на контактната линија е многу напната. Навистина вчера му се јавив на Зеленски да се смири. Повторно ќе му кажам да се смири, да ги смири вооружените сили на Украина како и да се смири на социјалните мрежи. Сепак, она што го гледам е дека можете да ги повикате и вашите сили да се смират. Вчера имаше многу гранатирање. Ако сакаме да му дадеме шанса на дијалогот, треба да ги смириме работите во регионот. Како оди оној процес на воената вежба?“.

Иако Путин рече дека вежбите се одвиваат според планот и треба да завршат ноќта меѓу 20 и 21 февруари, тој нагласи дека армијата ќе остане на границите уште некое време.

ПУТИН: „Ние секако ќе останеме воено присутни на границата додека не се смири ситуацијата во Донбас. Дискусијата ќе се одржи во консултација со министерствата за одбрана и за надворешни работи“,

МАКРОН: „Она што ми е важно е ситуацијата да ја имаме под контрола. Многу сметам на вас. Не дозволувајте да бидете провоцирани во наредните часови и денови. Сакав да ви дадам два конкретни предлози. Прво организирајте средба меѓу вас и Бајден во следните неколку дена,  ВО Женева. Разговарав со него и тој ми рече дека е подготвен за тоа. Претседателот Бајден исто така размислуваше за начини за веродостојна де-ескалација на ситуацијата. Кажете ми го датумот што ви одговара “.

На крајот, рускиот лидер рече дека секогаш му било забавно да разговара со Макрон.

ПУТИН: “Ти благодарам многу Емануе. Секогаш е задоволство и голема чест да разговараш со европски и американски колеги. Секогаш е многу забавно да разговарам со тебе бидејќи градиме однос на доверба. Така, Емануеле, предлагам да ги започнете работите. Пред се, мора однапред да го подготвите овој состанок , а дури подоцна ќе можеме детално да разговараме.

Исто така, Путин се пошегувал и рекол дека разговорот бил воден од теретана.

ПУТИН: „Да бидам искрен, сакав да одам да играм хокеј на мраз и еве ви зборувам од теретана пред да почнам да вежбам“.

Иако разговорот заврши со позитивен тон, само неколку дена подоцна ситуацијата во светот драстично се промени. Русија ја нападна Украина, а разговорот меѓу Бајден и Путин во Женева никогаш не се одржа.

УНФПА: Милиони луѓе уште во ризик за сексуалната и репродуктивна благосстојба
Пушење на отворено – на 5 метри од другите луѓе