ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
10.06.2022
Тик Ток ќе не’ потсетува кога е време за пауза?
Автор: Goce Author

Тик Ток со нови измени кои ќе не’ потсетуваат кога е време за пауза и одмор од користење на оваа апликација. Популарната мрежа ќе ни нуди повеќе од една пауза откако ќе се достигне избраниот дневен лимит за непречена употреба.

Како и многу од неговите конкуренти, ТикТок веќе им дозволува на корисниците да постават максимално дозволено поминување на екранот за секој ден. Сега корисниците ќе може да поставуваат временски ограничувања со цел да се намали прекумерното гледање во телефоните. Со оваа измена корисниците исто така ќе може во секое време да видат колку време поминале на Тик Ток.

Тик Ток – платформа за забава или помош за ментално здравје?

„Веруваме дека нашите дигитални искуства треба да ни донесат радост, забава и поврзување“, се вели во блог-пост на Тик Ток.

Затоа денес се преземени голем број чекори кои треба да помогнат во поддршката на дигиталната благосостојба на заедница која ја користи оваа апликација.

Тик Ток потврдил дека младите корисници добиваат автоматски прашања за дигиталната благосостојба. Од компанијата порачале дека промените следуваат после студијата која ја спровеле со групата за безбедност на мрежата Internet Matters, по откривањето дека кога тинејџерите чувствуаат дека го контролираат своето однесување и навиките на мрежата, тоа има позитивно влијание на нивното расположение.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија