ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
23.01.2022
Тужба за Инстаграм и Снепчет поради самоубиство на дете
Автор: Goce Author

Теми Родригез од Конектикат ги тужеше Инстаграм и Снепчет, тврдејќи дека „негативните и опасни производи на социјалните мрежи“ се одговорни за самоубиството на нејзината 11-годишна ќерка.

Таа наведува дека нејзината ќерка страдала од депресија, несоница, нарушувања во исхраната и желба да се повреди благодарение на мрежите на Мета и Снеп.

Според извештајот и документите, Селена почнала да ги користи социјалните мрежи на девет години, две години пред самоубиството, а во тој период станала исклучително зависна од Инстаграм и Снепчет.


Фејсбук – Мета повторно на мета со тужби


Се наведува и дека неколку пати го пропуштала училиштето поради социјалните мрежи и дека на мрежите имала и непристојни понуди од мажи.

Мајката наведува дека ја однела ќерката на лекување и дека лекарот во извештајот напишал дека никогаш не видел ваков случај на зависност, поради што била задржана на психијатрија.

Снепчет се огласи и изрази жалење, а изјавија и дека ќе се занимаваат со овој случај, додека не се огласија на Инстаграм.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија