ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
07.03.2022
Видео сведоштво на руски војник – спротивставете се на вашите команданти, ова е геноцид во Украина
Автор: Goce Author

Заробен руски војник во Украина одржа прес конференција на која зборува отворено за воената инвазија на Русија во Украина. На почетокот ликот, за кој се тврди дека е војник на руската армија, вели дека пред доаѓањето во Украина тие имале друга слика за земјата. Наместо „фашзам и нацизам“ во Украина ги дочекале луѓе со голи раце.

На видео снимката која ја објавуваат медиумите војникот зборува каква слика имал пред да дојде во Украина, а дека наишол на нешто сосема различно. Појаснува дека пред доаѓањето во Украина бил убедуван дека во оваа земја има фашистички режим и дека на луѓето овде им треба помош да се извлечат од режимот.

Војната е и бизнис – 1000 до 2000 долари дневно за странски војници

„Тоа ни беше целта, но очигледно дека имавме погрешни информации. Секако дека имаме интернет и од време на време ќе добиевме некоја информација од други извори, но се сомневавме дека се точни. Не знаевме каква е состојбата.“, вели заробениот руски војник.

Додава дека донеле тага во Украина и дека не знае колку време ќе биде потребно да се искупат од ова.

„Одиме во затвор. Што и да заслужуваме спремни сме на тоа. Но дали тоа ќе биде доволно? Жал ми е што луѓето во Русија не се виновни за ова. Нивната грешка е што се погрешно информирани. Некои немаат интернет, немаат алтернативни информации.“, вели рускиот војник.

Тој упати и повик до другите руски војници да се охрабрат и да не ги слушаат своите команданти. Спомена и дека веројатно многумина ќе сметаат дека е уценет да го каже ова што го кажува, но вели дека веќе не му е важно.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија