ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
20.01.2023
(Видео)Како изгледа музејот на неуспешните љубовни врски?

Знаете ли дека постои Музеј на скршени срца или неуспешни љубовни врски? Доколку имате спомени од неуспешните врски и не знаете што да правите со нив, тогаш може да ги оставите токму овде.

Музејот поседува спомени и приказни од тажни љубовни приказни од целиот свет. Лоциран е во барокната палата Кумлер во Горни град. Овој дел на Загреб е познат како неговото уметничко и историско срце и изобилува со туристички атракции.

Музејот е основан од двајца уметници, филмски продуцент и академски сликар. По прекинот на нивните врски не знаеле што да прават со сите работи на нивните бивши, па добиле идеја да основаат вакво катче во кое ќе ги изложат сите работи.  Во 2010 година, музејот ја освои наградата EMYA Кенет Хадсон за најиновативниот и најхрабриот музејски проект во Европа. Денеска овој е најпосетуваниот музеј од туристите, а влезницата е 6,60 евра. На нивната официјална веб страна може да ја напишете и вашата приказна која што ќе стане дел од музејот.

„Музејот на неуспешни врски е физички и виртуелен простор кој собира, чува и изложува лични предмети и приказни со симболична емоционална вредност. Ова е музеј за тебе и за нас, за начините на кои сакаме и губиме.“, пишува на нивната веб страна.

Инфлуенсерката Милица Вукович беше во посета на овој музеј, па како изгледа може да видете на видеото што ни го испрати за Гоце.мк. На нејзиниот профил може да најдете уште многу интересни локали и музеи на различни дестинации низ светот.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија