
Запишувањето нови информации со рака му помага на вашиот мозок да ги запомни работите поефикасно отколку да ги пишувате на уред. Ова го покажа новото истражување, што е во спротивност со вообичаената поврзаност на дигитализацијата со напредокот.

Image by cookie_studio on Freepik
– Покажуваме дека кога се пишува со рака, шемите за поврзување на мозокот се многу посложени отколку кога пишувате на тастатура, рече коавторот на студијата Одри ван дер Мер од Норвешкиот универзитет за наука и технологија.
– Познато е дека ваквата обемна активност на поврзување во мозокот е од суштинско значење за формирање на меморија и кодирање на нови информации и затоа е корисна за учење, објасни ван дер Меер по тестирањето на 36 ученици.
Пенкалото и хартијата, како и училишните табли, се повеќе се заменуваат со екрани во училиштата и универзитетите ширум свето. Тоа е во погрешна насока и може негативно да влијае на учењето, пишуваат научниците.
Научниците, кои ја објавија студијата во списанието Frontiers in Psychology, апелираат децата „да бидат изложени на активности со ракопис на училиште за да […] му обезбедат на мозокот оптимални услови за учење“.
Наодите доаѓаат по трендот на враќање на запишувањето со ракопис во некои училишта во САД. Истражувачите велат дека треба да доведат до барем делумно враќање на ракописот во училиштата каде што тој опадна.