ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
05.02.2024
Запишувањето на хартија покорисно од запишување на екран
Автор: Goce Author

Запишувањето нови информации со рака му помага на вашиот мозок да ги запомни работите поефикасно отколку да ги пишувате на уред. Ова го покажа новото истражување, што е во спротивност со вообичаената поврзаност на дигитализацијата со напредокот.

– Покажуваме дека кога се пишува со рака, шемите за поврзување на мозокот се многу посложени отколку кога пишувате на тастатура, рече коавторот на студијата Одри ван дер Мер од Норвешкиот универзитет за наука и технологија.

– Познато е дека ваквата обемна активност на поврзување во мозокот е од суштинско значење за формирање на меморија и кодирање на нови информации и затоа е корисна за учење, објасни ван дер Меер по тестирањето на 36 ученици.

Пенкалото и хартијата, како и училишните табли, се повеќе се заменуваат со екрани во училиштата и универзитетите ширум свето. Тоа е во погрешна насока и може негативно да влијае на учењето, пишуваат научниците.

Дигитално читање одвлекува од разбирање на текстот

Научниците, кои ја објавија студијата во списанието Frontiers in Psychology, апелираат децата „да бидат изложени на активности со ракопис на училиште за да […] му обезбедат на мозокот оптимални услови за учење“.

Наодите доаѓаат по трендот на враќање на запишувањето со ракопис во некои училишта во САД.  Истражувачите велат дека треба да доведат до барем делумно враќање на ракописот во училиштата каде што тој опадна.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија