
Жребот за ЕП 2024 немилосрден за Македонија, во група со Италија и Англија, и незгодните Украина и Малта.

Супер атрактивна, но и супер тешка група доби Македонија во квалификациите за Европското првенство 2024. Имињата на Италија и Англија сами по себе зборуваат многу, Украина за нас секогаш е тврд орев, единствен условно речено лесен противник е селекцијата на Малта. И навистина, ако се погледнат другите групи, има многу полесни групои и навистина жребот беше немилосрден кон нашата фудбалска репрезентација.
Во останатите групи, ќе има интересни дуели – на Франција и Холандија во групата Б, а жребот сакаше во иста група да бидат Црна Гора и Србија во групата Г…
Македонија квалификациите ги започнува на 23 март 2023, во Скопје, против Малта, а ги завршува на 20 ноември 2023 против Англија исто така пред своите гледачи. Најатрактивните дуели во Скопје секако се против Англија и Италија – со Англичаните на 20 ноември, а со Италијаните на 9 септември догодина.
Еве го комплетниот распоред на македонската фудбалска репрезентација во квалификациската група Ц:
23. март 2023 Македонија – Малта
16. јуни 2023 Македонија – Украина
19. јуни 2023 Англија – Македонија
09. септември 2023 Македонија – Италија
12. септември 2023 Малта – Македонија
14. октомври 2023 Украина – Македонија
17. ноември 2023 Италија – Македонија
20. ноември 2023 Македонија – Англија