ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
29.12.2023
Зошто TikTok ја бара лозинката за iPhone?
Автор: Goce Author

Корисниците на TikTok се во страв бидејќи апликацијата наводно бара од некои од нив да ја внесат лозинката за iPhone за да ја видат содржината на платформата.

Според експертите не се наведува причина за ова, а проблемот бил забележан на крајот на минатиот месец. Како што е соопштено од страната Dataconomy, најновото ажурирање објавено од Apple поправи грешка што се однесуваше на пристапот до личните податоци на корисниците и има неколку потенцијални причини зошто TikTok бара лозинка.

Прво, можно е да се работи за „привремена безбедносна мерка“, но може да е поврзана и со нова верзија на самата апликација или едноставно да има грешка. Експертите предупредуваат дека секогаш е лоша идеја да ја внесете вашата лозинка таму каде што навистина не ви е потребна.

Кинескиот чет-бот со вештачка интелигенција има повеќе од 100 милиони корисници.

Знаеме ли како да се заштитиме на интернет?

Безбедносните ризици се очигледни, бидејќи заканата од кражба на идентитет демне, а корисниците најдоа решение за овој проблем со ажурирање на апликацијата на верзијата 32.5.0. Се чини дека оваа варијанта ја поправи оваа грешка, но останува нејасно како се случи на прво место.

„За некои, барањето беше исклучено веднаш штом отидоа на „Откажи“, што сугерира дека навистина може да се работи за грешка, а не за некоја намерно поставена ставка“, пишува Dataconomy.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија